неговиот милениумски спокој. Во Охрид по разни поводи доаѓале светски познати личности, научници, уметници, великодостојници, трагачи по реткости и добронамерници. Сите биле добредојдени и го пронашле она што го бараат и заминувале со многу инспиративни спомени кои ги терале повторно да се вратат и да ги почувствуваат убавините, духот и спокојот на овој древен град, најпрепознатливиот бренд на Република Македонија во Светот. Се надевам дека сите тие убавини на нашиот Охрид ќе остават длабок печат во вас, за одново и одново да се враќате кај нас – подвлече Пецаков.
Меѓународната научна конференција за услужниот сектор се одржува по 17-ти пат, а организатор на годинашното издание е Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.