Николоски објави видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје, „Македонија ќе биде поубаво место за живеење“

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.

Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.

Тој на својот профил објави: Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта.

Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, објави министерот Николоски
https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FNikoloskiA%2Fvideos%2F891913865699789%2F&show_text=false&width=560&t=0