ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА ПАТЕКАТА КАЈ КАНАЛОТ „СТУДЕНЧИШТА“

Во моментов на пешачката патека кај канал „Студеништа“ течат интензивни градежни активности за изградба на втората фаза од пешачката патека односно изградба на нејзиниот трет дел кој води до хотелот „Парк“.Изминатиот месец  охридските јавни претпријатија комплетно ја поставија целокупната комунална инфрастурктура за овој дел од патеката. Изведувачот веќе трета недела активно работи на поставување на гранитните плочки по целата должина на патеката.

Што се однесува до физичките перформанси, должината на втората фаза од патеката е иста како и  на  првиот дел односно 210 метри. Во оваа втора фаза,патеката е широка 12 метри од кои 8  ќе претставуваат пешачка зона обложена со граннит,а по целата должина од двете страни по 1,65метри е асфалтираниот дел кој е наменет за велосипедистите. На краевите   од патеката,  односно по 33 см од двете страни  се предвидени за бордурите коишто ќе бидат нејзин украс.

Во средината на пешачката патека,исто како и при првата фаза ќе бидат поставени украсни мермерни жардинерии  коишто веднаш по поставуавњето ЈП „Охридски комуналец“ хортикултурно ќе ги обогати.Овој дел од пешачката патека ќе биде побогат за 9 дрвја за разлика од привот дел од патеката.

Во крајната етапа од изградбата на овој дел, предвидено е поставување на светлосните канделабри и украсните чешми по должината на патеката.