Розов Октомври
Министерството за здравство овозможи скрининг за рано детектирање на ракот на дојка во ЈЗУ Општа болница Охрид.
Со цел да се подигне свеста за превенција од рак на дојка, се извршија прегледи, се добиваа совети и се споделуваа искуства во организација на УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ О.К. ОХРИД со што се даде поддршка на жените заболени од рак на дојка, воедно се учествуваше во дискусија со стручниот тим од доктори во ЈЗУ Општа болница Охрид.
Превенција, откривање, лекување на рак на дојка, заедно до подобро здравје, се вели во објавата на ФБ од претседателката на УЖ на ОК ВМРО ДПМНЕ, Билјана Јоноска.