Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата на Македонија со кое Општина Охрид го добива првиот дел од вкупните 250 милиони евра за сите општини за реализација на капитални инвестиции.
– Реконструкција на улица во с. Пештани
– Реконструкција на улица во с. Подмоље
– Реконструкција на улица во с. Долно Лакочереј
– Реконструкција на водоводна линија на ул.„Кленоец“ ЛТХ „Леарница”
– Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта
– Реконструкција на локален пат од крстосница за с. Рамне до црква „Свети Атанасиј“
– Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“
– Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од ул. „Кленоец“
– Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“
– Рехабилитација на дел од локален пат за с. Куратица
Подобрување на условите за живеење на сите во Општина Охрид е наш приоритет и продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на охриѓани.
- Само преку вакви инвестиции државата им враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе, напиша во својата објава пратеникот Сашо Донев.