ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид
- Предмет на јавниот повик
- Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид.
- Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Охрид.
- Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за авто такси возач во Општина Охрид се на терет на пријавените кандидати.
- Право на учество на јавниот повик
- Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:
– поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правното лице овластено од Градоначалникот на Општина Охрид,
– да поседуваат возачка дозвола (Б категорија).
- Начин и рок на поднесување на пријава и датум за полагање
- Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава до Архивата на Општина Охрид (која може да се подигне од Архивата на Општина Охрид или да се превземе од интернет страната www.ohrid.gov.mk).
- Кон пријавата се доставува следната документација:
– Потврда за завршена обука за авто такси возач во Општина Охрид во оригинал, издадена од правното лице овластено за вршење на обука од Градоначалникот на Општина Охрид и за кое правно лице е издадено Решение за добиена согласност за трошковник
– Копија од лична карта
– Копија од возачка дозвола (Б категорија)
4. Датум за одржување на испит
– Датум на кои ќе се одржи испитот за полагање на сертификат за авто такси возач:
- 01 Ноември (Петок) 2024 год. во 10.00 ч.
Испитот ќе се одржува во просториите на Општина Охрид .
– Во случај на промена на на датумот и времето на одржување на некој од горе наведените закажани термини за испити, комисијата ќе ги извести пријавените кандидати за утврдените измени со новиот термин за испит.
- Рок за пријавување на кандидати за испит
– Рокот за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи е најдоцна еден ден пред закажаниот термин на одржување на испит.