ЗАВРШИ ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На самиот почеток на четириесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид, дневниот ред беше надополнет со предлог одлуките за измена на Развојна програма Уредување на градежно земјиште, предлог одлука за измена на годишна програма за уредредување на градежно земјиште 2024, предлог одлука за измена на распоредот на средства, кои по расправата беа ставени на гласање и усвоени од страна на мнозинството во Советот на Општина Охрид.

Советниците на денешната седница ги усвоија предлог одлуки за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година, предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид, предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар, редлог-одлука за објавување јавни повици за избор на членови во Управни и Надзорни одбори на Јавните претпријатија основани од општина Охрид.

Беа прифатени и точките од урбанистичката сфера предлог одлуките за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште на дел од КП.бр.10808/1 КО Охрид 2, предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште – КП.бр.11916/1 и други во КО Охрид 3, предлог-одлука за донесување техничка исправка во табеларен приказ за нумерички податоци за ГП 8.14 и ГП 8.15 во ДУП за дел од месна заедница „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс, Блок 8 – Охрид, општина Охрид, предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 9, ГП 14 и ГП 15 формирани во ДУП за дел од МЗ „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс во КО Охрид 4, општина Охрид, предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 15.20, ГП 15.21, ГП 15.38 и ГП 15.39 формирани во ДУП за УЗ 18, УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ во КО Охрид 4, општина Охрид, предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 1.30 во ДУП за Урбана заедница 2 дел од Урбан Блок 2.3 – опфат 1 – Охрид, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 1, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.915 и КП.бр.916 КО Охрид 4, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.962/1 и КП.бр.961 КО Оровник, објект 1 и објект 2, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1515 КО Лескоец, објект 1 и објект 2, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1661 КО Пештани, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1802/1 КО Лескоец, објект 1, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2477/1 КО Коњско, објект 3, предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.7085/4 КО Охрид 1, објект Е15.