Нивото на Охридското езеро е за 16 сантиметри под просекот за овој период од годината

Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму продолжува да опаѓа и е далеку под просекот за овој период од годината, приближувајќи се до минимално дозволената кота.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, водата во езерото денеска се наоѓа на котата 693,13 метри надморска височина, што е 16 сантиметри под просекот за ноември, четири сантиметри под природната кота и само три сантиметри над дозволениот минимум.

За таквата состојба со водостојот на езерото секако придонесуваат и временските услови односно продолжениот сушен период без какви било врнежи.

infomax.mk