ИСЧИСТЕНО ДНОТО НА ЕЗЕРОТО ПРЕД ТРПЕЈЦА

Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, на 24 ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични  и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности” со асистенција на нуркачкиот клуб„Акватек”.

Целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.