Традиционален годишен концерт на Здружението на Египќаните „Пирамида Зем“

Синоќа во преполната сала на Центарот за Култура традиционално и оваа година се одржа годишниот концерт од страна на Здружението на Египќаните „Пирамида Зем„. На настанот и оваа година беа доделени бројни признанија и благодарници за заслужни египќани кои се истакнале со своите заложби во општествениот живот во Охрид.

Посебно беа доделени благодарници за фудбалерите од ГФК „Пирамида“ кои изминатава година бележеа бројни позитивни резултати. Медали беа доделени за капитенот на клубот, на фудбалерот со најмногу постигнати голови , како и капитенот на клубот.

Секако посебни благодарници беа доделени и за спонзорите и помагателите на клубот како на Богоја Радически и  Мислим Шаќир.

Исто така беа доделени и благодарници за Ален Малик- млад спортист, Мислим Шаќир, Делче Максимоски – за значајниот придонес во образованието на египќаните, Девид Малик – првенец на генерација на ООУ Методи Патчев, Руждие Асан -одличен ученик во Св.Кирил и Методиј Охрид, Џавид Сабри -дипломиран професор на факултетот за физичка култура спорт и здравје при Универзитетот Кирил и Методиј, Кадри Селман – за декоративно уредување на парковите и зеленилата низ Охрид, Рамазан Асаноски- за развој на занетчиската култура на египќаните и берберскиот занает.

За градоначалникот на Охрид , кој беше и покровител на манифестацијата беше доделен дрес со негово презиме и бројот 1, на што во своето обраќање Пецаков посебно се заблагодари и истакна дека тој дрес ќе најде место во неговата колекција на дресови бидејќи е поранешен спортист. Помеѓу другото тој се осврна и на посебното значење на заедницата на египќаните во целокупниот општествен живот во Охрид.

Вториод ден од настанот беше исполнет со музика, традиционални песни и ора од египќаните, а свој настап имаше и градскиот мешан хор Vox Lyhnidos, кој остави впечатлив настап.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fohrid1%2Fvideos%2F531063813239951%2F&show_text=false&width=560&t=0