ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДОРКА ЏАНЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот Кирил Пецаков  денеска во својот кабиент ја прими амбасадорката на Холандија во Р. Македонија Н. Е.  Узлем Џанел, која е во прва официјална посета на Охрид по нејзиното именување на функцијата.

На средбата се зборуваше за економскиот развој на општината и туризмот како една од најважните стопански гранки во Охрид. Се разгледуваа можностите за развој на мас туризам,  за еко туризам и поголема промоција на локалните производи на меѓународните пазари.  Стана збор  и за инфраструктурните проекти на општината  кои би  допринеле во зголемување на странските посетители вклучувајќи ги и холандските туристи.

 Амбасадорката Џанел упати благодарност до градската  власт за подигнување споменик на холандскиот писател А. Ден Долард и за холандскиот парк во Охрид.