Пецаков: Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, беа засадени покрај Охридското Езеро со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица

Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, беа засадени покрај Охридското Езеро со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.

Оваа акција ја спроведовме заедно со менаџментот и вработените од ТАВ Македонија и подружница на ТАВ Аеродроми. Во подготовката на теренот и садењето учествуваа и вработените од ЈП „Охридски комуналец“.

Садниците се донација од ТАВ Македонија како дел од нивната програма за корпоративна општествена одговорност, што ја поздравувам и се надевам дека во иднина оваа соработка ќе ја издигниме на уште повисоко ниво, напиша градоначалникот во својата објава.