Првото новородено бебе во новата 2025 година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4180 грама и солго 53 сантиметри.
Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3450 грама и долго 51 сантиметар.
Традиционално првите честитки мајките и новородените бебиња ги добија од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и раководството на Општата Болница – Охрид.