Советот на општина Охрид, на денешната седница ја усвои Нацрт-фискалната стратегија и развојните програми за 2016 година, која по усвојувањето 15 дена ќе биде на јавна расправа .
Нацртот на фискалната стратегија можете да го прегледате ТУКА
На седницата, усвоени беа и Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година, и одлуките за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, за донесување план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на општина Охрид, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2035 КО Долно Лакочереј и за пренесување на правото на користење на специјалните возила за собирање и транспортирање комунален отпад на ЈП „ Охридски комуналец“ .