ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД СЛАВИ 45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Денеска по повод 45 години од основањето на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид во просториите на оваа високонаучна образовна институција се одржа свеченост. Пред присутните, професори, студенти, вработени  и гости  се обрати Деканот на ФТУ- Охрид, проф. д –р Цветко Андреевски koj потсети дека оваа институција е формирана пред 45 години , по иницијатива на Здруженото угостителско-туристичкото стопанство.

45_god_FTU_ 3

Заменик- градоначалникот Ангел Јанев исто така се обрати до присутните посочувајќи дека    “Со синтагмата   „образованието е најмоќното оружје кое може да се користи за промена на светот“ , во името на градоначалникот Никола Бактрачески и во мое име, најискрено Ви ко честитам 45- годишниот јубилеј и Ви посакувам уште многу годишнини и успешен развој на оваа високо образовна институција. Пред 45 години, во далечната 1970 година, во Охрид  започна да работи Вишата школа, која подоцна се трансформира во Факултет за туризам и угостителство, со што во Охрид започна развојот на високото образование. Со тоа градот на првиот Словенски универзитет, гордо ја продолжи милениумската традиција на Свети Климент Охридски и ги постави темелите за отварање на други високообразовни институции. Факултетот за туризам и угостителство растеше и се развиваше во препознатлив бренд не само во Република Македонија, туку и пошироко. Тука своето образование го стекнале илјадници студенти кои сега работат во Охрид , но и во развиените туристички   центри ширум светот. Паралелно професорите и нивните соработници, со свои научни и стручни трудови учествувале и учествуваат на најпознатите светски собири од оваа област. За Охрид, Факултетот за туризам и угостителство е особено важен бидејќи нераскинливо е врзан со  неговиот развој како најпознат туристички и културен центар во поширокиот регион. Благодарение на високообразованите кадри и научните и стручните трудови на професорите и нивните соработници, културно- историските споменици и природните реткости на Охрид кои се под заштита на УНЕСКО се дел од туристичката понуда не само на домашните туку и на странските туроператори. Заедно, со стручна помош од оваа институција, ги градиме стратегиите за развој на туризмот, постојано освежувајќи  ја понудата со внесување на алтернативни форми кои се интересни за привлекување посетители, особено од странство. Искрена благодарност за Вашиот придонес во развојот на Охрид и уште поискрена желба дека успешно ќе ја продолжите Вашата високобразовна мисија и ќе славите уште многу јубилеи на Факултетот за туризам и угостителство”

45_god_FTU_ 5