ОХРИД ПРЕЗЕНТИРАН НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

Во рамки на програмата за туристичка промоција на Охрид, вчеравечер во познат белградски ресторан беше организирана „Охридска вечер“ на која беа остварени средби со голем број туристички работници од Србија и регионот.

Слоганот на овогодинашното издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград е „Една мапа, безброј светови“. На саемот зедоа учество околу 400 излагачи,  меѓу кои водечки туристички агенции, хотели, воздухопловни компании, туристички центри и меѓународни тур-оператори.