ОХРИД ДЕНЕС ГО СЛАВИ СВОЈОТ ЗАКРИЛНИК СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Празнувањата на Свети Климент Охридски, утрово започнаа со свечена литургија во Светиклиментовиот храм на Плаошник, со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј. На свечената литургија со своите сограѓани, присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на гостите кои се во Охрид во чест на празникот.

Празнувањата завршуваат вечерва со свечена академија во НУЦК “Григор Прличев“, на која на ОО на Црвен Крст Охрид ќе му биде врачена годинашната награда “Свети Климент Охридски – патрон на Охрид“.