Општина Охрид и годинава, традиционално, го реализира Прoект за украсување и декорирање по повод новогодишните и божикните празници, чија што главна цел е да понуди свечени и естетски решенија за плоштадот и градското подрачје.
Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка, со светлосни и други украсни елементи, на просторот околу фонтаната кај чинарот се поставуваат новогодишни тезги , ке биде украсен и новиот плоштад кај мини маркет и доколку се пријави интерес ке бидат поставени и новогодишни тезги , улиците се украсуваат со стари и репарирани новогодишни реквизити .
Украсувањето треба да заврши следната недела . за што Општина Охрид ке издвои 19 илјади евра .