За дочекот на Новата 2016 Година се очекуваат организирани групи и индивидуални гости од Бугарија, Србија, Словенија и Полска да престојуваат во Охрид.
Според охридските туристички агенции, освен гостите од соседството, новогодишните празници во нашиот најголем туристички центар ќе ги поминат и голем број домашни туристи.
од хотелот „Гарден“информираат: -“Како и минатите години така и оваа година, Охрид е атрактивно место за прослава на новогодишните празници за туристите од соседството. Веќе имаме голем број на резервации на органиизрани групи од Бугарија, но според најавите очекуваме и голем број домашни гости”
Исто како и лани, за новогодишните празници, охридските станоиздавачи нудат пристапни цени за сместување. Според она што може да се види на интернет огласите, цената за изнајмување на кревет во приватното сместување, се движи од 400 до 500 денари, додека пак комплетно уредените апартмани и станови се издаваат од 1.000 до над 3.000 денари по вечер.
-“Годинава најрано ги распродадовме аранжманите за новогодишниот дочек. Имаме групни резервации од Бугарија, Србија, Словенија како и групи на гости од Полска. Освен сместувањето, аранжманите кои ги нудевме вклучуваат и органиизран свечен дочек” – појаснуваат од хотел „Силекс“.
-“Веќе имаме резервации на гости од Србија и Бугарија, како и голем број домашни гости. Големиот интерес за нашиот хотел се должи на тоа што во рамки на аранжманот за престој, гостите ќе може да го користат внатрешниот затоплен базен како и спа центарот кој располага со џакузи, сауна и бања на пареа” – велат од хотелот „Тино“ – Свети Стефан.