СЕ ЗАБРАНУВА ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ

“Од недела по полноќ важи забраната за емитување платено политичко рекламирање на телевизиските ,печатените и електронските медиуми” – соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

–Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, – Наведено e во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

download