Од утре на градскиот плоштад започнува дванасетдневанта новогодишна програма, што ја организира општина Охрид.
На плоштадот ќе биде поставена бина на која што учесниците ќе ги изведуваат своите настапи. Први кои што ќе настапат се учесниците на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ и најмладите членови од хорот при КУД „Гердан“ – „Распеани Герданчиња“. Во деновите од викенд програмата ќе се одвива од 12:30 часот до 14:30 часот, а во работните денови од 17:30 часот до 19:30 часот..