Во понеделник (на 28-ми декември 2015 година) истекува последниот рок За Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон, кој пред една недела го објави општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди:
првата награда изнесува 6.000 денари,
втората награда е во износ од 4.000 денари
и третата награда е во износ од 2.000 денари.
-Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати. При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста, – информираат од општината.
Резултатите и наградите ќе бидат објавени по новогодишните празници.