Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на свеченост во просториите на ТППЕ во Охрид, а по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите.
Во рамки на настанот тој му врачи плаќета на најдобриот пожарникар, Темелко Колоски.

Утрово пожарникарите со вклучени сирени го одржаа традиционалното дефиле низ охридските улици.





