СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

По повод 24 Мај – Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо свеќе пред нивниот монументален споменик на кејот на Охридското Езеро.

‎Во чест на Просветителите пред нивниот споменик се поклонија и бројни делегации на образовни институции и претставници на Владата на Република Македонија, чии централни чествувања по повод празникот се одржуваат и во Охрид.