Со поддршка на Општина Охрид синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ свечено беше отворено петтото јубилејно издание на Меѓународниот кошаркарски турнир „Ohrid Lake Hoops“.
Годинава настапуваат над 300 деца од 11 екипи од Македонија, Турција, Грција, Црна Гора и Албанија.
Организатор на настанот е Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид.





