Пецаков: Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Еѓипќани

‎Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани.

‎Египќаните се важен дел од општествениот и културниот и живот на Охрид и Македонија. Со својата активност и ангажман во различни области, тие даваат значаен придонес во развојот на локалната заедница.

‎Меѓусебното разбирање и заедничката соработка остануваат клучни вредности за градење стабилно и напредно општество во кое сите граѓани имаат свое место.

‎Ви посакувам добро здравје, лична среќа и желби за многу успеси во иднина.