Годинашново одбележување на празникот „ Богојавление- Водици“ , најмасовниот црковно народен собир на кој се осветуваат водите на Охридското Езеро , заедно ќе го организираат Локалната самоуправа и Дебарско- кичевската епархија. За ефикасна организација на оваа традиционална црковно народна манифестација, денеска на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, беше формирано координативно тело.
Со координативното тело, како претставник на Локалната самоуправа ќе раководи Сашо Донев, а членови се Илија Ристески, претставник на Дебарско-кичевската епархија,Сашо Точков од Црвен Крст, Горан Устијаноски од Капетанијата на македонските пристаништа, Милутин Секулоски од Нуркачкиот клуб „ Анфора“ , Драган Наумоски, капетан на бродот „ Александрија“, Митко Топенчаров ,поранешен фаќач на крст, Ристе Мишев како претставник на општинските јавни претпријатија, Петар Рупев, поранешен фаќач на крст,Горан Симјаноски од Брза помош, Стефан Димоски од Секторот за внатрешни работи, Никола Дуданов , поранешен кум и Кире Думбалоски.
На масовното одбележување на „ Богојавление- Водици“ , годинава нема да има кум, а ќе ги има традиционалните содржини како и досега, а организаторите очекуваат масовна посетеност од охриѓани, но и домашни и странски гости.