Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од 2,5 метри широчина и 3 метри височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово.
На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната празнична атмосфера во градот.
Пештерата на градскиот плоштад ќе биде поставена до Водици.