Денеска е коледе, утре е Божик, изутринава се слушаше пред сечија порта. Коледарите со песна и торби во рацете го најавија Христовото раѓање. Костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка. Најмладите ги ширеа торбите, а домаќините го испочитуваа обичајот што се негува со години. Ги даруваа коледарите за прекрасната вест што им ја носат.
Коледарското утро завршува со бадникова вечера. На богатата посна трпеза со сарми, гравче и риба, централното место за лепчето со паричка. Секој посакува нему да му падне. Да му донесе среќа и берикет цала година. Традицијата слична, но обичаите различни.
Трета година по ред Охрид ја продолжува традицијата на Бадниковата Литија, каде годинава во неа учевство зедоа над двесте дечиња од Охрид. Градоначалникот Бакрачески секое дете го дарова со бадниково лепче кое што симболизира Христос Богомладенецот , кој што се роди во пештерата на Витлеем. Градоначалникот го искористи овој свечен момент да им го честита големиот Христијански празник на сите православни верници .