ВАСИЛИЧАРСКАТА ПАРИЧКА ЗА ЕЛЕНА ТЕРЗОСКА,ВИОЛЕТА ЛУПЕСКА, ДИМИТРИЈА ВРЕВЕЗОВСКИ И СИМЕ СТЕФАНОСКИ

Традиционално и оваа година вработените во општина Охрид имаа заеднички василичарски појадок, барајќи ги паричките. Најсреќни беа Елена Терзоска, Виолета Лупеска, Димитрија Вревезовски и Симе Стефаноски.
Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Ернестина Маневска, Кире Думбаловски и Ванчо Јовановски. Општина Охрид на новите кумови им упатува искрени честитки, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.