ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод празникот Свети Сава,  упати честитка до припадниците на српската заедница во Охрид.

-Во името на граѓаните на општина Охрид и во мое име, Ви го честитам  Денот на првиот српски архиепископ Свети Сава,  27 јануари, и  Ви посакувам празникот да го поминете во мир,среќа и благосостојба, заедно со семејството и пријателите.

Денот на Свети Сава е еден од најголемите национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде во светот каде живеат Срби.

Припадниците на српската заедница  се нераскинлив дел од нашето општество и посветено придонесуваат за соживот и меѓусебно разбирање и развој на Охрид и Република Македонија. . Живеејки во свет кој упатува на почитување на културни и јазични вредности, сакаме да го искажеме нашето задоволство што Вие како етничка заедница давате особен придонес во развојот на  мултикултурно и мултиетничко општество, кое е пример и за многу поразвиени демократии во Европа и Светот.

Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодет и напредок. Со уважување на  овие универзални пораки и морални вредности, Ви го честитам  Вашиот голем национален празник, со надеж дека сите заедно ќе придонесуваме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија– стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.