БРОЈНИ СПОРТСКИ ЕКИПИ ЌЕ ИМААТ ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД

Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК „ Радник“ од Лучане и ФК „ Младост“ од Сурдулица започнаа подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ .
Во наредниот период Охрид и СРЦ „ Билјанини извори“ ќе бидат  домаќини на уште седум фудбалски екипи од кои три се од нашиот сосед Србија ( ФК „Спартак“ – Суботица, ФК „ Јавор“ – Ивањица и ФК „ Борац“ Чачак ) и четири од нашата држава и тоа ФК „ Ренова“ , ФК „ Металург“, ФК „ Шкупи“ и ФК „ Тетекс“.

Закажаните термини  потврдуваат дека од година во година Охрид и СРЦ „ Билјанини извори“ постануваат  центар за подготвување на фудбалските екипи како од Македонија така и од соседството. Инвестициите во фудбалската инфраструктура после многу години се покажуваат како вистинско решение за идниот развој на ЈП „ Билјанини извори“ и спортскиот туризам.