ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА УВИД НА ЗАВРШНИТЕ АКТИВНОСТИ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ОХРИДСКА БАНКА“

Градоначалникот, Никола Бакрачески денеска направи увид на завршните  активности за уредување на  кружниот тек на пресекот од булевар  „Туристичка“ и улица  „Македонски Просветители“.

Во моментов  екипи на  ЈП „Охридски Комуналец“ работат на хортикултурно уредување на големиот -примарен  кружен тек , по што ќе се уредува и малиот секундарен.
Претходно на овој простор поставена е нова атмосферска канализација,поставен е двослоен асфалт.  Завршено е и обележувањето и поставена е заштитна ограда.

Со изградбата на овој двоен кружен тек, Охрид го добива третиот новоизграден кружен тек од вкупно предвидените пет.  Во тек на градба е кружниот тек на пресекот на булевар  „Туристичка“ со „Абаз Емин“ а во наредниов период треба да започне изградбата  и на кружниот тек на „Туристичка“ со „Јане Сандански“.