Во Охрид, Кавадарци, Штип, Тетово и Куманово ќе се градат современи и модерни скејт паркови за младите лица. Овој проект денеска го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Ќе се изградат пет нови паркови во кои младите кои се занимаваат со екстремни спортови ќе можат да развиваат вештини како врсниците во Европа и светот. Ќе има повеќе рампи и скокалници, а паркот ќе биде изработен од специјална подлога поради поголема безбедност и дрвена конструкција, изјави премиерот.
Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи ќе започне со градба од 2017 година, по извршување на неопходните подготовки.