НОВИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, започнаа со поставување подземни инсталации на пресекот  од булевар „Туристичка“ и улицата „ Јане Сандански“ каде во тек е градба на кружен тек.

Се очекува во оваа работна недела да започнат со работа и кабелските оператори „Телеком“ и „Неотел“.
По поставување на подземните инсталации  на оваа кружна крстосница ќе биде воведен во работа изведувачот, градежната фирма  „Ив Стил Градба“.