“Купи куќа за млади” на 24 Февруари во Охрид

Во среда 24ти Февруари , во големата сала на Општина Охрид ке се одржи презентација на проектот “Купи куќа за млади ” со почеток во 17 часот.

Проектот купи куќа за млади нуди два вида на поддршка која се  состои во 80% субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50% на ратата или пак  100% од учеството за кредит.

– Дневно се случува во просториите на управата за имотно правни односи каде што е отворена канцеларијата да дојдат  и до сто граѓани. Тие се информираат  за условите, за начинот за добивање на субвенција. Структурата на граѓаните е различна, најчесто доаѓаат граѓани кои се засегнати лично за решавање на станбеното прашање, но доаѓаат и граѓани кои се интересираат за нивните најблискии.