КК.АВ Охрид од следната сезона во првата кошаркарска лига

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид вечерва со победата во Чаир против составот на Шкупи со 98-89 ја обезбеди шампионската титула во второлигашката конкуренција и се пласираа во Првата Кошаркарска лига во Македонија.

Прослава на шампионската титула Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ќе ја прослави на домашен терен против кошаркарскиот клуб од Радовиш во последната рунда од втората кошаркарска лига .