БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УЗ 7ми НОЕМВРИ И ДАМЕ ГРУЕВ

Градоначалникот Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“.

Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.