ПРОЕКТ „ЖИВЕЈ ЗДРАВО – ЖИВЕЈ БЕЗБЕДНО“

Согласно развојната програма за образование, Општина Охрид во соработка со СВР Охрид, Црвен Крст, Извиднички одред „Пионер“ и основните училишта и оваа година ќе го реализираат проектот „Живеј здраво – Живеј безбедно“.

Целта на проектот е превенција од дрога, алкохол и цигари, за што учениците од основните училишта, преку спортски игри ќе промовираат здрави животни стилови. Спортските игри ќе се реализираат кај градскиот парк на „Кеј Македонија“ (наспроти Центарот за култура) на ден 13.04.2016 година (СРЕДА) со почеток во 12 часот.

На настанот секое училиште со своја екипа ќе се натпреварува во повеќе тимски игри: сијамски близнаци, итра лисица, жонглирање, петлица, вешт келнер и влечење јаже, а волонтерите од Црвен Крст ќе презентираат и техники за укажување на прва помош при собраќајни несреќи, предизвикани од страна на лица кои возат во алкохолизирана состојба.