ОТВОРЕН САЕМОТ ЗА НАУКА И КУЛТУРА ВО „ЈАХЈА КЕМАЛ“

Заменик градоначалникот на Охрид ,  Ангел  Јанев,   присуствуваше на свеченото отворање на традиционалниот  Саем за  наука и култура  што денес се одржа во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Струга .

На саемот беа претставени и презентирани  научни и културни проекти изработени од ученици кои се со различна етничка и верска припадност.

Бројните посетители на саемот  имаа можност да  видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети: матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија, англиски , македонски, албански и турски јазик.