ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИ ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ

Во склоп на Спортско рекреативниот центар „ Билјанини Извори“ започна реализацијата на проектот за  изградба на тениски игралишта. Проектот го реализира Агенцијата за млади и спорт и тој предвидува изградба на 100 тениски терени ( 20 единечни и 40 двојни ) низ територијата на Република Македонија. Охрид и Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ ќе добијат најсовремени тениски терени ( еден единечен и еден двоен ).
Проектот тениски игралишта се состои од единечно тениско игралиште (со еден тениски терен) со димензии 21,1×39,4 метри и двојно тениско игралиште (со два тениски терена) со димензии 39,4×39,4 метри.

Тениските терени ќе бидат поставени север-југ, со тврда подлога за надворешни спортски терени со сертификат од интернационалната тениска федерација ИТФ.
Терените ќе бидат со инфраструктурни приклучоци, оградени со жичана мрежа и околу нив ќе има пристапна патека изработена од бехатон плочки. Покрај тоа ќе можат да се користат и во вечерните часови бидејќи ќе бидат осветлени со рефлектори.
Со изградбата на затворениот пливачки базен , најмодерно фудбалско игралиште со вештачка трева и нови тениски терени, СРЦ  „Билјанини извори“  и градот Охрид, видно ги подбруваат условите за развој на спортот и спортскиот туризам.