МОЖНОСТ ЗА ТУРИСТИЧКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОХРИД И ПРИЗРЕН

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев  денеска оствари протоколарна средба со заменик градоначалникот на Призрен, Левент Буш.
Со гостинот од Косово се разгледуваа можностите за туристичка соработка меѓу градовите Охрид и Призрен, односно со заедничка пакет понуда да се привлекуваат туристи од Турција кај нас.   Меѓу другото беше истакнато дека за  зголемување на бројот на  турските туристи во    двата града големо значење би имало воведувањето на чартер линијата Призрен- Охрид – Бодрум.

Призрен е еден од најголемите градови во Косово во кој се негуваат различни вери, традиции и култури а во месец септември годинава  во него ќе се одржува Бизнис форум на кој се поканети и претставници од општина Охрид.