Протести и контрапротести вечерва и во Охрид

 

gdom 4 gdom 5 gdom 3 copy

Граѓаните на Охрид вечерва повторно протестираат. Протестите се одвиваа на две локации, со веќе познати барања зависно од видувањата за политичките случувања во земјата.

На плоштадот кај Стариот чинар вечерва по четврт пат се собраа активистите и симпатизерите на Граѓанското движење „Протестирам“, додека следбениците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во исто време организирано по вторпат во Охрид протестот го започнаа на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

И на двата собири беа повторени барањата истакнати и на претходните протести, едните за оставка на претседателот, поддршка на СЈО – другите за завршување на кризата со избори на 5 јуни.

Иако двата протестни собири во Охрид минаа мирно и без инциденти, освен неколкуте јајца што активисти на „Протестирам“ ги фрлија на зградата на Општина Охрид, сепак пред самиот крај беше тензично бидејќи во еден миг двата табори беа на релативно мало растојание. Припадници на двете групи меѓусебно си разменуваа погрдни зборови, но до блиски средби не дојде благодарение на силното полициско обезбедување.