Општина Охрид и ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, во понеделник на 16 ти јуни 2014година, ќе врши авионско запрашување против комарци.
Запрашувањето , во времето од 05 часот до 8.30 часот ќе се одвива на 1500 хектари тоа на крајбрежјето на потегот на с.Подмоље до комплексот Св.Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 16 јуни (понеделник) да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.