ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ УЧЕСТВУВА НА ДУНАВСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Градоначалникот Никола Бакрачески учествува на  годинашната Дунавска конференција за водите, што денеска и утре се одржува во Виена, Австрија.На конференцијата, на која има 160 учесници од 15 земји се разговара за одржлив развој на  Дунавскиот  басен и за обврските за хармонизирање на  домашните законодавства на земјите кандидатки со европските стандарди  предвидени во основниот документ за заштита на водите, Europian acquis comunauture.

Посебен акцент, на конференцијата ќе биде ставен на прашањето како владите и невладините организации на национално и локално ниво  можат да го зајакнат процесот на придружување и членство во Европската унија.
Конференцијта  ја организираат Дунавската програма за вода ( IAWD), Светска банка и Отворениот Регионалн Фонд за Југоисточна Европа “GIZ”, а е спонзорирана од владите на Австрија, Германија и Швајцарија.