Патот кој ги поврзува двете населени места Рача и Кромидишта конечно се реализира. Со пригодна свеченост градоначалникот Никола Бакрачески го пушти во употреба овај пат кој е повеќе децениско барање на жителите од Рача.
-Имаше дилеми и сомневања дека е невозможно да се реконструира патот и тешко е да се ангажира градежна механизација која ќе има пристап за работа. После три месеци подготвителни градежни работи ние денес успеавме да ја реализираме една од потешките задачи, од оние кои што ние ги имаме од програма во секторот за комунални дејности. Воедно го исполнивме и ветувањето кон граѓаните кое што во изминатиов период неколку години наназад се надвиснуваше како еден од поприоритетните проблеми за решавање на жителите од населените места Рача и Кромидишта, истакна градоначалникот Бакрачески.
Исполнувањето на ветувањето кое пред околу три месеци градоначалникот Бакрачески го даде, ги израдува жителите кои со позитивна насмевка и аплауз го поздравија реализираното ветување.
Патот од Рача до Кромидишта е во должина од 900 метра, а широчината различна во зависност од пристапноста на теренот.
-Оставаме простор и во иднина да реализираме и други проекти за месното население во овој крај. Патот е со должина од 900 метри и со различна широчина во зависност од конструкцијата на теренот и земјиштето. Голем дел од работите беа изведени и рачно, без употреба на градежна механицазија. Се работи за висококвалитетен асфалт, реконструирани се и банкините. Се на се имаме еден успешен и убав проект кој ги задоволува барањата на локалното месно население,додаде Бакрачески.
Задоволството на месното население од овие населби за новиот пат го изрази членот на МЗ Рача Иво Дулески кој рече:
–Голема благодарност до локалната власт , до градоначалникот кој што ни излезе во пресрет на нашето барање , кое ни беше ветено уште пред три години , конечно да се реши во краток период, рече Дулески. Тој изрази благодарност за реализацијата на овај проект со надеш дека во иднина ќе продолжи решавањето на другите комунални проблеми и потреби на населбата Рача.