Денеска околу 13:30 h пет струшки семејства останаа без дом.
Струшките пожарникари на кои помош им пружеа и колегите од Охрид, по два часа жестока борба успеаа да го локализираат пожарот во близина на хотелот Београд во СТРОГИОТ центар на градот, во кој за среќа нема ниту жртви, ниту повредени.
Пет лица, сопственици на куќите побарале лекарска помош од топлотниот бран и од стресот кој го преживеале, но за среќа немаат никакви физички повреди.
Причините за настанувањето на пожарот, кој предизвика голема материјална штета Допонително ќе се утврдуваат …