СЕ ПОСТАВУВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ДО ГОРИЦА

Јавното претпријатие „ Нискоградба“, продолжува со  изведување градежни активности  од третата фаза на  пешачката  патека од  Студенчишта до Горица. Се поставуваат цефки за одведуање на атмосферски води со пречник од Ф- 200 мм.

Во досегашните активности од третата фаза се поставени околу 500 метри атмосферска канализација комплет со сливници, а до завршување на оваа фаза остануваат за комплетирање уште 300 метри атмосферски одвод.