Момче на возраст од околу 25 години од Тетово се бори за живот по скок од педалинка во водите на Охридското Езеро.
Kако што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, инцидентот се случил околу 16 часот помеѓу машка и женска плажа во Струга.
Момчето, откако скокнало од педалинката не испливало на површина од водата по што друго лице кое исто така било на педалинката ги известило родителите на давеникот, кои ги алармирале спасувачките тимови на Црвениот крст.
Како што информираат од Црвениот крст, спасителите веднаш реагирале и со скутер стигнале до местото на исчезнување на околу 100 – 150 метри од брегот, а брзо потоа и го извлекле давеникот од езерските води. Набрзо бил направен обид за реанимација, по што давеникот кај кого неофицијално бил констатиран пулс бил однесен во струшката болница од каде поради сериозноста на состојбата е упатен на скопските клиники.
Неофицијално, дознаваме дека момчето сега е вон животна опасност