Локална самоуправа во Охрид деновиве го започна Проектот за изградба на детски игралишта низ територија на град Охрид.
ИгралиштеТо во ОУ „Св. Климент Охридски“веќе е во тек. Просторот е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога. Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид.
-Во текот на наредниот период планирана е изградба на детски игралишта во населбите Воска, Даљан, Рача, Стобекс, кај градскиот парк на кеј „Македонија“, во близина на пешачката патека што води кон хотел „Парк“, а ќе се реконструира и уреди постоечкото игралиште на улицата „Крали Марко“, најавуваат од општина Охрид. -Оттаму објаснуваат дека со цел младите да се вратат на спортските терени и да се насочат кон физичка активност во текот на изминатиот период општина Охрид го реконструираше детското игралиште кај каналот „Студенчишта“, а се изградија и повеќенаменски игралишта во населбите Лескајца и Подмоље. Повеќенаменско игралиште доби и селото „Трпејца“, а во тек на градба е и игралиштето во село Лескоец.